Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) одржаа работен состанок. На работниот состанок, кој се одржа во просториите на АОПЗ, беше договорена соработка и редовна координација во делот на остварувањето на правото на заедниците за образование на мајчин јазик. На состанокот се зборувше и за квалитетот на самата настава, како и потребата учениците од различни етнички заедници да поминуваат повеќе време заедно, како во образовниот процес така и надвор од него.

 
Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ на гостите им ги преставија следните активности на АОПЗ и изразија желба за соработка и редовна координација со МОФ, додека пак Дона Костуранова ги престави активностите и обврските на МОФ во следниот период. Од следната недела АОПЗ и МОФ ќе формираат заедничка работна група, која ќе треба да креира проект во кој АОПЗ и МОФ ќе работат на партнерска основа, како и да дефинираат заеднички активности.

 

Скопје
06.09.2017

06.09-pic2017