Во контекст на имплементацијата на Проектот за зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците , финансиран од ЕУ, Агенцијата за остварување на правата на заедниците планира да поддржи до 20 активности кои ќе се спроведуваат заедно со локалните организации на граѓанското општество, со цел да придонесат кон подобрување на состојбата на заедниците и меѓуетничките односи во земјата.

Проектот, заедно со Агенцијата, за вкупен буџет кој не надминува 30.000 евра, ќе поддржат до 20 различни активности во рамките на сума до 1500 евра секој апликант.

Кандидатите можат да достават повеќе од една активност за поддршка во врска со различни предмети, под услов вкупните трошоци да не надминуваат максимален износ од 1500 евра. Апликантите исто така можат да поднесат предлози врз основа на соработка на различни граѓански организации за поголеми активности. Во овој случај, износот може да го надмине прагот од 1500 евра, но не треба да го надмине максималниот износ за секоја граѓанска организација вклучена во активноста. Активностите кои може да се предложат за поддршка од Агенцијата може да вклучуваат: Организирање работилници и настани за правата на заедниците: Активности за подигнување на свеста на заедниците или на целокупната популација (на пример, печатени материјали, настани, места);Панел дискусии;Материјали за печатење или публикации поврзани со   правата на заедниците; Спроведување на мали анкети, прибирање на податоци во врска со потребите за образованието на мајчин јазик, вклучување на заедниците во културниот живот, употреба на јазикот, симболи, медиуми и информации и правична застапеност на заедници во институциите на национално ниво како и на локално ниво; и други активности кои имаат за цел унапредување и подобрување на правата на заеднциите.

Активностите кои се единствено ориентирани кон промоција на фолклорни или културни настани поврзани со индивидуалните заедници не се прифатливи за финансирање.

Апликантите ќе ја идентификуваат потребната поддршка .Избраните активности нема да добијат директна финансиска поддршка. Трошоците за спроведените активностите ќе се подржат преку проектот „Зајакнување на демократијата прек у промоција и заштита на правата на заедниците“.

 

Изборот ќе се одвива во два различни изборни круга.Првиот рок за аплицирање е 12.06.2019 година до полноќ. Вториот рок ќе биде објавен во месец Август 2019 година, а е предвиен да биде на почетокот на месец Септември.

Во секој изборен круг ќе бидат избрани до 10 апликации.

Сите подетални информации,  како и формуларите  за апликација  . ќе бидат објавени на www.aopz.gov.mk  на13ти Мај во 10 часот.

За дополнителни прашања во врска со повикот ќе бидат одржани три информативни сесии на следните локации:

  1. 13ти Мај Скопје – ЕУ ИНФО ЦЕНТАР со почеток во 11 часот. (Бул. Св. Кирил и Методиј 52В)
  2. 15ти Мај Штип – Граѓански ресурсен центар со почеток во 17:30 часот. (Петта партиска конференција бб (Мултимедијален центар Канал 77)
  3. 17ти Мај Гостивар – Граѓански ресурсен центар со почеток во 17:30 часот. (ул. Тоде Богданоски бр.90)

Анекси:

  1. Насоки при аплицирање
  2. Формулар за аплицирање (вклучувајќи образложение за буџет)
  3. Рамка за еваулација
  4. Образец – изјава за посветеност кон обврските
  5. Образец – избор за подршка на активност
  6. Табела на трошоци