Во просториите на Агенцијата за оставрување на правата на заедниците (АОПЗ) беа потпишани договори со граѓански организации кои работат на остварувањето на правата на заедниците кои се под 20% од населението. Граѓанските организации со свои активности аплицираа на првиот повик од АОПЗ,  објавен на 12.05.2019 година.

 

АОПЗ ќе ги поддржи следниве граѓански организации во спроведување на нивните проекти:

 

Печатење на збирка на интервјуа „Записи од Македонија“(на српски јазик) – Здружение на жените Србинки во РСМ

 

Вклучување на заедниците во културниот живот – Ромски културен и медиа центар Бариканипе

 

Даница – културно едукативен проект – Српска заедница во Македонија

 

Двојазичен македонско влашки прирачник – читаме, пишуваме, влашки зборуваме – Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ

 

Младите делуваат инклузивно – Легис Скопје

 

Декада на МАД – Здружение на истомисленици на Ататурк во Македонија

 

Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори – Македонско пенолошко друштво

 

Сликовница за деца – ВОДА на босански јазик – Младинска културна асоцијација на Бошњаци ШАДРВАН

 

Поддршката на АОПЗ за граѓанските организации е дел од проектот  “Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“, а финансиран од Европската Унија.

 

На крајот од август или почетокот на септември, АОПЗ ќе распише втор повик за поддршка на активности на граѓански организации кои имат за цел промоција или остварување на правата на заедниците кои се под 20% од населението на Р. Северна Македонија.

 

Скопје

17.07.2019