Агенција за остварување на правата на заедниците денеска го посети ОУ “Исмаил Кемали” од Општина Чаир каде што подели 503 ученички сета. Исто така и во училиштето “Јашар Беј” од Општина Чаир беа поделени 160 пакети  за учениците од прво до трето одделение, надополнети со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19.
Со оваа активност АОПЗ го продолжи караванот кој вчера го започна и во кој ќе посети повеќе од 60 основни училишта во текот на месец ноември. Училиштата ќе бидат оние во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во сите региони на Р.Северна Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 пакети. Голема благодарност до Црвен крст, кој ги пакуваше пакетите и даде логистичка  за целиот проект.
Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.
Караванот продложува и наредните денови.
 Сите вработени во Аопз даваат максимален напор во овие услови на пандемијата со COVID 19 да стигнат до сите предвидени училишта со цел да ги поделат училишните сетови за да се заштитат најмалите и да се чуствуваат побезбедни во своите училишта.