Градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ , заедно со претседателот на Македонско-Хрватската Тангента Сашо Георгиевски и амбасадорот е Љупчо Арсовски, денеска ја посетија Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и оствари средба со раководството и дел од вработените во АОПЗ.

 

Рахман и Хоџиќ го запознаа градоначалникот на Шибеник со работата на АОПЗ. На средбата се дискутираше и за состојбата на заедниците кои се под 20%. Градоначалникот беше информиран за идните планови на АОПЗ, за соработката која АОПЗ ја има со ЕУ и ОБСЕ и заедничките активности во периодот кој следува.

 

Градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, ги пренесе позитивните искуства на соработкатата на градот со малцинските заедници, во оставрувањето на нивните права и зачувувањето и промовирањето на нивната култура. Исто така, градоначелникот укажа на важноста максималано да се користат европските фондови за развој на државата и локалните самоуправи.
Домаќините изразија големо задоволство од посетата на градоначалникот на Шибеник.

 

 

15.10.2019