Здруженијата ЕДУНИСА и ДИВАНХАНА  го реализираа проектот ” ЕДУ СТУДИЈА ЗА УСПЕШНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА  . Главната активност на проектот е истражување за состојбата на образованието на босански јазик во основното образование во скопскиот, велешкиот и прилепскиот регион каде што живее бошњачката заедница.

 

Проектот е  во три фази:

 

 Првата фаза се однесува на анализа на законската рамка за образованието на помалубројните заедници, снабденост со учебници и стручност на наставниот кадар.

 

Втората фаза и главна активност е истражување за мислењата, ставовите, интересите на целните групи, преку хартиена анкета. Оваа активност е спроведена со асистенција и ангажман на експерт кој ги посети сите училишта кои се дел од проектот.

 

Во Третата фаза- Резултатите од истражувањето се претставени во брошура на македонски  и босански јазик.

 

Брошурата е доставена до сите релевантни институции кои беа интервјуирани и кои се дел од образовниот процес, но и во сите училишта кои беа предмет на истражувањето.

 

Резултатите дадоа насока каде треба да се реагира или корегира, се со цел да се обезбеди квалитетно образование на мајчин јазик, но со водење на сметка да не заврши со сегрегација на заедницата туку со нејзина интеграција.

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот  циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.