Културно уметничкото друштво Питу Гули Скопје ја реализира активноста Печатење на двојазична (македонско – влашка) збирка  „ Приказни за убав сон- Pirmifi ti somnu dultsi“. Структурата на изданието е едноставна и содржи краток предговор, влашката азбука со комбинации од букви, како помош за секој читател на книгата кој не е фамилизиран со пишаниот збор на влашки јазик, потоа следат  приказните  во двојазична  верзија што ќе го олесни изучувањето на влашкиот јазик од страна на дечињата. Двојазичната збирка од шест светски познати приказни ги презентира за првпат и на влашки јазик:

 

  • БАМБИ
  • СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА
  • ЗАСПАНАТА УБАВИЦА
  • АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА
  • ЦРВЕНКАПА
  • ПИНОКИО

 

На ден 22.02.2020 година во хотел Александар Палас се организираше промоција на истата во присуство на директорката на Управата за развој и унапредување на образованието на заедниците г-ѓа Славица Тодорова, претставници на повеќе влашки здруженија и бројна публика а  особено значајно беше присуството на  најмладите  идни читатели на збирката.

 

Промоцијата беше регистрирана од страна на Редакцијата за емисии на влашки јазик, при МРТ и споделена на социјалните мрежи и на YouTube при што имаше огромна посетеност. https://www.youtube.com/watch?v=pUmlIjgozNA&feature=share&fbclid=IwAR3Ji0IwE1g-lg2xlTiLDzqTuq4pT7k4IWoYXtHWJk2QXmuDxAXtSLoQ4Co

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот  циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.