Агенцијата за остварувањето на правата на заедниците организираше семинар за вработените во АОПЗ, кој се одржа од 09.01 до 11.01, во Охрид.

 
Директорот Илхан Рахман, заменик-директорот Џелал Хоџиќ, како и експертите Алесандро Симони и Филипо Ромоли, заедно со вработените, во тимска работа, работеа на проценка на потребите и предизвиците на АОПЗ, идните активности, секторските потреби во АОПЗ, проценка на капацитетите на вработените и нивното влијание во иднина.

 
Семинарот е организиран во рамки на проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заеднициите“. Ова е прва активност од проектот, кој е предвиден да трае до јуни 2020 година.

Скопје

Јануари, 2019