Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дводневна обука на тема:  „Родова еднаквост и родово-базирано насилство“. Обуката беше одржана на 22 и 23 Мај 2019 во Скопје, на неа земаа учество претставници од невладините организации на помалубројните заедници.

 

Во поздравниот говор на отворањето на обуката директорот на АОПЗ Илхан Рахман ја посочи важноста на родовата еднаквост за помалубројните заедници како и за  потребата за подигнување на свеста околу оваа област. Рахман кажа дека АОПЗ во идниот период почнувајќи со соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе организира дополнителни активности околу родовата еднаквост како и промовирањето на правата на жените.

 

Учесниците за време на обуката имаа сесии од областите на механизми за остварување на родовата еднаквост, интегрирање на родовите аспекти, дискриминација врз основа на пол и род, улогата на НВО во промоцијата на еднаквоста и заштитата од дискриминација, улогата на НВО и  во превенција односно лобирање и поддршка на жртвите на родово-базираното насилство.