На ден 01.07.2019 година во хотел Арка во Скопје, Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) со подршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржа Партиципативен форум на тема „Нацрт текст на националната стратегија за развој на концепт на едно општество и интеркултурализам во Република Северна Македонија“

 

Форумот го отвори и го модерираше заменик- директорот на АОПЗ Г-дин Џелал Хоџиќ, а воведни обраќање имаа Џефри Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело

 

Главната цел на овој Партиципативен форум беше да се презентира Нацрт текстот на националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркулурализмот пред членовите на форумот односно пред невладиниот сектор на заедниците и дел од институциите кои се членови на Партиципативниот форум.

 

Презентација за кластерот образование имаше Андријана Томовска, кластерот медиуми го презентираше Петрит Сарачини, кластерот правна рамка го презентираше Тања Чачарова – Илиевска, а за кластерот млади презентација имаше Ѓорѓи Тасев

 

Сумирамните препораки и коментари ќе бидат доставени до господинот Роберт Алаѓозовски.