На ден 19.06.2019 година во хотел Арка во Скопје, Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) со подршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје одржа Партиципативен форум на тема „Нацрт текст на националната стратегија за развој на концепт на едно општество и интеркултурализам во Република Северна Македонија“

 

Форумот го отвори и го модерираше Директорот на АОПЗ Г-дин Илхан Рахман, а поздравно обраќање имаше Вишиот офицер за општествена кохезија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје Г-ѓа Сара Барбиери, претседател на Координативното тело за развој на Националната стратегија за едно општество за сите и интеркултурализам Г-дин Роберт Алаѓозовски.

 

Главната цел на овој Партиципативен форум беше да се презентира Нацрт текстот на националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркулурализмот пред членовите на форумот односно пред Невладиниот сектор на заедниците и дел од институциите кои се членови на Партиципативниот форум. Исто така ова беше можност членовите на форумот да дадат свои коментари, свои сугестии и предлози кои ќе бидат вметнати во самата стратегија.

 

Ова беше првиот форум на кој беа презентирани Кластерите (делови од стратегијата) и тоа Кластерот-Локална самоуправа кој беше презентиран од страна на на координаторот Г-ѓа Олимпија Христовска, Класерот-Култура кој беше презентиран од страна на координаторот Г-дин Роберт Алаѓозовски и Кластерот – Оптествена кохезија и инклузија кој беше презентиран од страна на координаторот Г-дин Фатмир Битиќи.

 
Предвидено е одржување на уште еден Партиципативен форум на 01.Јули 2019 на истата тема каде што треба да бидат презентирани преостанатите Кластери и тоа: Образование, Медиуми, Правна рамка и Млади.