Како дел од Проектот за зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците, финансиран од Европската Унија, Агенцијата за остварување на правата на заедниците донесе одлука да поддржи активности кои ќе се спроведуваат заедно со локалните организации на граѓанското општество, со цел да придонесат кон подобрување на состојбата на заедниците и меѓуетничките односи во земјата. На првиот повик објавен на 12.05.2019 година беа селектирани следниве предлог активности на граѓанските активности кои ќе добијат поддршка за нивна реализација:

 

  1. Печатење на збирка на интервјуа „Записи од Македонија“(на српски јазик) – Здружение на жените Србинки во РСМ
  2. Вклучување на заедниците во културниот живот – Ромски културен и медиа центар Бариканипе
  3. Даница – културно едукативен проект – Српска заедница во Македонија
  4. Двојазичен македонско влашки прирачник – читаме, пишуваме, влашки зборуваме – Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ
  5. Младите делуваат инклузивно – Легис Скопје
  6. Декада на МАД – Здружение на истомисленици на Ататурк во Македонија
  7. Праведен и еднаков третман на Ромите во македонските затвори – Македонско пенолошко друштво
  8. Сликовница за деца – ВОДА на босански јазик – Младинска културна асоцијација на Бошњаци ШАДРВАН