Денеска во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа работен состанок со   мрежата за муликултурализам (заедници кои во Преамбулата на Уставот се наведени како останати).

 

На состанокот директорот Г-дин Илхан Рахман ги информираше присутните за состојбата на Агенцијата, за активностите кои ќе следат во наредниот период , заложбата да се подигне видливоста на проблемите на етнички заедници во општеството, а воедно и вклучувањето на невладините организации во тој процес.

 

Заменик директорот на АОПЗ,  Г-дин Џелал Хоџиќ, зборуваше за заедничките проблеми на заедниците во остварувањето на правото на образование на мајчин јазик, како и потребата за квалитетна медиумска програма на јазиците на заедниците.

 

На состанокот се разговараше  за проблемите на мрежата за мултикултурализам  и тоа за: потребите од  простории за работа и финансирање на истите, потребата од попис на населението во РМ , потребата од креирање на  емисија на јавниот сервис во која ќе бидат вклучени сите заедници, како и потребата од воведување на наставен предмет – мултикултурализам кој ќе се изучува  во рамките на формалниот систем на образование, правичната застапеност  и потребата за зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор. на Агенцијата за остварување на правата на заедниците покажа спремност за работа на заеднички проекти заедно со невладините организации.

Скопје

13.10.2017