Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман имаше работна средба со Директорката на Управата за развој и унапредување на образовнието на јазиците на заедниците, г-ѓа Славица Тодорова. На состанокот се разговараше за тековните активности на двете институции како и за потребата од продлабочување на меѓусебната соработка.

 

Директорот Рахман потенцира дека двете институции се од посебна важност за помалубројните заедници и постои потреба од заеднички пристап во областите кои ги покриваат истите. Директорката Тодорова стави акцент на институционалното развивање, зголемување на капацитетноста и функционалноста на самите институции. На состанокот беше договорено да се реализираат редовни работни состаноци со цел да се зголеми меѓуинституционалната соработка.

08.10.2019