Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски присуствуваше на Годишната свечена академија по повод 15.Март Денот на започнувањето на буржоаската револуција во Унгарија во организација на Здружението на Унгарците во Македонија. По завршувањето на Свечената академија се одржа неформален состанок помеѓу представниците од Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски на кој се разговараше за механизмите на заштита на правата на заедниците во Република Македонија, вклучувајќи ја и унгарската заедница.