Заедничка делегација на Центарот за иселеници на Црна Гора и Заедница на
Црногорците во Република Македонија ја посетија Агенцијата за остварување на правата на
заедниците. Делегацијата на Центарот ја сочинуваа Директорот Др Милан Вукчевиќ,
Претседателот на управниот одбор Г-дин Зувдија Хоџиќ, и Советникот Г-ѓа Елвира Бектеши.
Заедницата на Црногорците во Република Македонија ја сочинуваа Г-дин Мирољуб Орландиќ
и Г-дин Насер Хот. Целта на овој состанок беше меѓусебно запознавање како и презентација
на програмите на Центарот и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во делот
кој се однесува на правата на црногорската заедница во Македонија.

Scre_1