Baner 1

Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Агенција за остварување на правата на заедниците и Центарот за истражување и креирање на политики од Скопје за проектот „кон целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор: Одржување на добри меѓуетнички односи и соживот врз принципите на меѓусебна толеранција и почит и подеднакво спроведување на законот„

август 31st, 2010|Некатегоризирано|

Потпишан е Меморандум за сорабтока помеѓу Агенцијата за остварување на правата за заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија. Цел на Меморандумот е Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците со подршка на Мисијата на ОБСЕ во Р.Македонија.

август 23rd, 2010|Некатегоризирано|

Проект за средно стручно образование

Делегација од Агенцијата за остварување на правата на заедниците предводена од заменикот директор на Агенцијата Г-дин Кадир Салих, реализираа посета во Мерсин и Мезитли Р.Турција на покана од Мезитли Кајмакамлик. Целта на оваа посета беше запознавање со проектите за средно стручно образование, реализирани од страна на ТИКА и Фондацијата за социјална солидарност и соработка на […]

јули 28th, 2010|Некатегоризирано|

Представници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците учествуваа на тркалезна маса на тема „Градење на доверба во мултиетничките заедници преку процесот на децентрализација и Охридскиот рамковен договор“ како дел од проектот „Јакнење на дијалогот преку охридскиот рамковен договор“ чии носители се невладините организации МЦМС и АДИ.

јуни 30th, 2010|Некатегоризирано|

Денот на државноста на Р.Хрватска и Денот на оружените сили на Р.Хрватска

Директорот на Агенцијата а остварување на правата на заедниците учествуваше на обележувањето на Денот на државноста на Р.Хрватска и Денот на оружените сили на Р.Хрватска организирани од страна на Амбасадорот на Р.Хрватска Н.Е. г. Иван Кујунџиќ и воениот пратеник на Р.Хрватска Полковник Симон Петришиќ.

јуни 24th, 2010|Некатегоризирано|

Конференција „Зацврстување на кохезијата на европските општества – ефективно учество на припадниците на заедниците во процесите на одлучување“

Во рамки на председавањето на Р.Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа во Скопје се одржа Конференција посветена на заедниците на тема „Зацврстување на кохезијата на европските општества – ефективно учество на припадниците на заедниците во процесите на одлучување“. Конференцијата има за цел да овозможи учесниците да направат преглед на актуелната состојба со […]

јуни 7th, 2010|Некатегоризирано|

Средба помеѓу Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Претставници на заедниците од градот Битола

Од Агенцијата присуствуваше директорката Весна Бабиќ-Петровски со своите соработници од Скопје.Средбата беше организирана од Српско-македонското друштво од Битола во соработка со Турското друштво “Челебија“, Бугарско-Македонско пријателство и Хуманитарна асоцијација на Ромите.

На средбата се дискутираше за работата и проблемите со кои се соочуваат здруженијата на граѓаните од заедниците во текот на својата работа. Сите присутни здруженија […]

јуни 2nd, 2010|Некатегоризирано|

Панел дискусија „Активно учество на етничките заедници ранливи на расна дискриминација во јавниот живот на Р.Македонија₺

Заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-дин Кадир Салих учествуваше на Панел дискусија организирана од страна на Сојузот на балкански Египќани на тема „Активно учество на етничките заедници ранливи на расна дискриминација во јавниот живот на Р.Македонија. На оваа тркалезна маса земаа учество и Г-дин Ерван Фуере (Шеф на Мисијата на […]

мај 7th, 2010|Некатегоризирано|

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа
Весна Бабиќ-Петровски учествуваше на работилница на тема „Етнички и интер-етнички
дијалог и соработка“ организирана од страна на УНДП во Маврово.

мај 5th, 2010|Некатегоризирано|

Панел дискусија „Медиумите и заедниците – Трендови и предизвици“

Во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Информативната канцеларија на Советот на Европа во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа Панел дискусија на тема „Медиумите и заедниците – Трендови и предизвици“. На панел дискусијата на присутните им се обратија со поздравни говори г-ѓа Гордица Каранфиловска Претставник од Кабинетот на Претседателот […]

мај 4th, 2010|Некатегоризирано|