Делегација ОБСЕ Мисијата во Скопје, во состав Гонзало де Чезаре, Сара Барбиери и Татијана Темелкоска, остварија работен состанок со новиот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман и заменикот директор Џелал Хоџиќ.

 

На работниот состанок се договори дека Агенцијата за остварување на правата на заедниците и ОБСЕ Мисијата во Скопје веќе идната недела  ќе формираат заедничка комисија која треба да изготви Меморандум за соработка и разбирање. Разговарано е за потребата на обновување на Партиципативниот форум на заедниците под 20%, како и потребата за соработка во други активности.

 

Директорот Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ на делегацијата на ОБСЕ Мисијата во Скопје им ја претставија нивната визија за подигнување на видливоста на АОПЗ (Агенција за остварување на правата на заедниците). На работниот состанок е објаснета и  потребата од редовното изготвувањето на анализи од областите на: образованието, култура, соодветна и правична застапеност, медиуми, употреба на јазиците на заедниците, како и значително подобрување на соработката со граѓанските организации кои работат на полето на унапредување на правата на заедниците.

17.08.2017, Скопје