ЗАЕДНИЦА НА ЦРНОГОРЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Од досега извршени историски истражувања како и од истражувањата што се во тек може да се заклучи дека македонско-црногорските односи имаат повеќе од десетвековна традиција и од пишаните историски документи првиот е оној што се однесува на освојување на Дукља од страна на македонскиот цар Самуил, а како последица на тоа освојување првиот брак помеѓу една македонка и еден црногорец, односно ќерката на царот Самуил, принцеза Косара и кнезот на Дукља Владимир. Овој брак е почеток на традиционално добрите односи помеѓу црногорците и македонците и сигурно влијаел на учеството на црногорците во сите македонски подоцнежни востанија и тоа се до Балканските и Втората Светска Војна.
Доселувањето на црногорците во Македонија се одвивало во повеќе наврати и тоа:

  • Прво поголемо 1690 година со населувањето на скопска Црна Гора и течението на реката Пчиња;
  • По Балканските војни период познат како Колонизација на Македонија;
  • По Втората Светска Војна и тоа во два наврати 1956 година и по земјотресот 1963 година;
  • Постои и низа поединечни доселувања од разни причини, а сите досегачни доселувања се од економски или политички причини;

Званичните податоци од пописите во последните 50-тина години укажуваат на постојано присуство на црногорското малцинство во Македонија, а нивниот број од попис до попис покажува различни бројки, кои просечно се движат помеѓу 4000 и 5000.

Црна Гора е мултиетничка и мултиконфесионална држава па така и припадниците од редот на граѓаните на Македонија по потекло од Црна Гора кои Црна Гора ја сметаат и ја чувствуваат како своја матична држава на пописите ја искажуваат својата етничка припадност и така имаме различни податоци при пописите. Имено, граѓаните на Македонија кои се по потекло од Црна Гора на пописите ја искажуваат својата етничка припадност, а не национална, па така имаме пет етнички групи (црногорци, бошњаци, хрвати, албанци и срби) и така не добиваме права слика за бројноста на доселениците во Македонија од Црна Гора.

Првиот податок за организирање на доселениците од Црна Гора во Македонија е од 1929 година кога за прв пат е одржано годишно собрание на Здружението на црногорците во Македонија. Во 80-те години црногорците беа организирани во Здружението на србите и црногорците во Македонија, а од 29.10.2006 година уредное  регистрирана според постоечките закони на Република Македонија, Заедница на Црногорци во Република Македонија. Заедницата има свој Статут и програма, а секоја година одржува свое редовно собрание на кое поднесува извештај за работа и предлага програма за наредна пред своите членови. ЗЦГМ е регистрирана како невладино, непартиско и непрофитабилно здружение на граѓани од Македонија кои се по потекло од Црна Гора, чија основна цел е преку своите активности да го зачува својот национален и културен идентитет како и да го оствари учеството во јавниот живот на Македонија на припадниците на црногорското малцинство. Најважните проекти кои се отпочнати во претходните години и кои се во тек се:

1. „Демографско миграциски карактеристики на граѓаните на Македонија по потекло од Црна Гора и идентификација на црногорското малцинство во Македонија„
2. „Македонско-црногорски односи од средниот век до денес„
3. „Мрежа за мултикултурно општество„

Од оваа година иницирани се два нови проекта кои се однесуваат на зачувување на црногорското културно наследство и на македонско-црногорските односи под работни наслови:

1. „По патеките на Светиот Владимир„
2. „Монографија за Св Владимир Дукљански„

Заедницата поседува свои простории на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин„ бр.16/1, 1000 Скопје и има свој web site www.zcgm.mk

 

03.2009 223
03.2009 212

Заедницата на Балканските Египќани во Република Македонија

Балканските Египќани се потомци на старите Египќани, кои на овие простори се имаат доселено уште од античко време 13 век п.н.е., т.е. со освојувањата на фараонот Сесотрис (за кој се мисли дека е Рамзес II),  како што пишува таткото на историјата Херодот.
За постоењето на египетска етничка свест во Македонија и Балканот,во времето на националниот препород кај сите балкански народи (почетокот и средината на 19 век),сведочи и едно писмо објавено на 8 август 1867 година,во весникот Македонија што излегувал од Цариград, а кое е потпишано од „Еден Египќанец“ од Прилеп. Археологијата исти така ни дава ни дава повеќе материјални докази за постоењето и културата на Балканските Египќани.
Интересно е тоа што во Охрид е пронајден храм  посветен на египетската божицата Изида, датиран од  III век п.н.е, а денес од тој храм е сочувана статуата на божицата Изида која може да се види на археолишката поставка во музејот во Охрид.
Eден од основните показатели,но не и одлучувачки за посебноста на секој етникум е јазикот.Меѓутоа оваа заедница нема посебен јазик на Балкански полустров, него припаднците на оваа етничка заедница го говорат јазиците на околината или од каде се доселиле во некое блиско минато.така на пример во Охрид и Струга го говорат албанскиот јазик во тоска дијалект,во Дебар во гега дијалект.Во Биатола,Кичево,Битолаго говорат македонскиот јазик а еден дел и турскиот,овај феномен се објаснува со фактот што Египќаните живеат на центрите на населбите како малцинство опколени со мнозинство,каде контактите се секојдневни и асимилацијата на јазикот е сосема нормална последица.
Тоа што ја обележува материјалната култура се занимањата.

Припадниците на заедницата на Балканските Египќани се занимавале со ковачкиот занает Од традиционалните алати и опрема кои ги користеле ковачите треба да се спомнат:огништето,,дувалото,наковалната,коритото за ладење на железата разни видови на чекани,клешти и ножици.

Балканските Египќани живееле и живеат стациониран живот во градските и селските средини.Во регинот најповеќе се сконцентрирани во градските населби и тоа во центрите или чаршиите .Куќите на Египќаните кои што живеат во градовите се карактеризираат со тоа што биле на еден или повеќе спрата ,каде приземниот спрат обично се користел како работилница(најчесто ковачница) или продавница за продавање на производи.

Традиционалната покуќнина на Египќаните во регинот,била слична на покуќнината на другите муслимански етницитети во регинот и пошироко,кои се карактеризирале со миндерите за седење на подот и мангалите за греење на собата итн.

Кај Египќаните е карактеристична обредната храна.Скоро во сите обичаи за најчувствителните моменти од животниот циклус присутна е обредната погача или лебот, што Египќаните ја викаат „Ќаија“ ,што го симболизира култот кон зрнестат храна,плодноста и благосостојбата.

Усното народно творештво на Египќаните е многу богато и разновидно,со народни приказни, легенди, народни песни и ора  и сл..Чалгиската музика е незамислива без изведувачите Египќани кои се едни од најдобрите мајстори за овај занает. Народните игри на Египќаните се карактеристични по нивниот ритам,ората се бавни и тешки со постепено забрзување. Постојат машки,женски и мешани ора,најпознати се Берачето,Деволичето,Ѓусмеоке,Сирто,Бабо и други а најпознати изведувачи на Тешкото се Мајовци од Дебар. Овие ора се свират со зурли,тапани.кларинет,хармоника,виолина и други инструменти.

Духовната култура ја обележуваат обичаи при раѓање,обичаи при сунет,обичаи при свадба ,обичаи од каленсарскиот циклус. Карактеристично за Египќаните е тоа што слават празници и од исламската религија  и тоа Рамазан Бајрам,Курбан Бајрам и од христијанската вера Свети Атанасие-Танасовден (на овај празник на 29 јануари славениците купуваат петели ноќта спроти Танасовден петелот треба жив да преноќи во куќата за да наутро запее), Летник, Ѓурѓовден и Свети Наум-редовно за манастирот и за светецот носат подароци,а некои трипати вратат јагне околу манастирот, пропратени со музика.

Функционалното живеалиште, светоста на огнот, правилата на гостопримство, снагата на семејството, заштитната вредност на родбината, влијанието на водечката фамилија, патријахалниотавторитет, почитувањето на жената, предаденост на жената кон семејните обврски, грижа за честа и угледот итн. се е тоа длабоко вкоренето во позадината на секојдневниот живот на сите Балкански народи и заедници уште од античкиот период на Балканот, за што и голем дел “се превземени од Египет”, како што вели и таткото на историјата и етнографијата Херодот во V век п.н.е.

Торзото на египетската божицата Изида, пронајдена во Охрид.
Торзото на египетската божицата Изида, пронајдена во Охрид.
Најпознатото македонско оро „Тешкото“ во автохтона изведба на Мајовците.
Најпознатото македонско оро „Тешкото“ во автохтона изведба на Мајовците.
Детали од традиционална гостинска одаја на Балканските Египќани.
Детали од традиционална гостинска одаја на Балканските Египќани.
КУД Пирамида, при Здружението на Египќаните во Р. Македонија
КУД Пирамида, при Здружението на Египќаните во Р. Македонија.