ТУРСКА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Областа Македонија која во Османлискиот период ги опфаќаше вилаетите Солун, Скопје и Битола, низ историјата беше предмет на дискусии од аспект на етничката структура и географските граници. Областа Македонија која во Османлискиот период се протегала на површина од 67.741 км2, со потпишувањето на договорот во Букурешт по Балканските војни е поделена меѓу Бугарија, Србија и Грција.

Низ историјата во Македонија се населиле различни народи. Меѓу нив може да се издвојат Тракијци, Едони, Пелагонијци, Дори, Вандали, Илири, Римјани, Слави и други народи. Врз основа на историските и археолошките пронајдоци, како и на пронајдоците на другите научни гранки, почнувајќи од 378 година од северот на црноморката област до крајната јужна точка на Балканскиот полуостров, започнале да се населуваат Хуни, Авари, Бугари, Огузи, Капчаци, Кумани и Печенеци. Тргнувајќи од овие пронајдоци Турците во Македонија ги има 1640 години. Историјата на Турците во Македонија може да се подели на 4 периоди и тоа:

Турци во Македонија во пред-османлискиот период (378-1292)
Турци во Македонија за време на Селџучкиот период (1291-1373)
Турци во Македонија за време на Османлискиот период (1371-1912)
Турци во Македонија во пост-османлискиот период (од 1912 година)

Приливот на Турците на Балканот во периодот пред Османлиите бил влијателен во две различни фази. Во првата фаза Турците Шамани од Централна Азија, преку северот на Црноморската област и Дунав се доселуваат на Балканот. Додека втората фаза започнува во 13 век со населувањето на Анадолските Турци на Балканот.

Во 1264 година Селџучкиот Султан Изедин Кејкавус се засолнува кај Византијците и со дозвола на Византискиот император се створиле услови за населување на првите Анадолски Турци во Добруџа и на југ. Веднаш потоа поголема група негови приврзаници заедно со Сари Салтук Деде од Анадолија се населуваат во Добруџа и околината. Во втората половина на 13 век Ханот на Алтин орда Берке, а потоа и Ханот Емир Ногај започнале повеќе да се интересираат за Балканот, земајќи ги во закрило Турците Муслимани во Добруџа и околината. Во периодот потоа беглуците Ајдин, Сарухан и Кареси го поминале Егејското море и се населиле на Балканот и во Македонија.

По битката на реката Марица во 1371 година и особено по Косовската битка во 1389 година, Македонија потпаднал по Османлиска власт, а со тоа запчнало доселувањето на Турските народи од Анадолија на Балканот и во Македонија. Со доаѓањето на Турците големо значење се придавало на урбанизацијата согласно Турското сфаќање на градот и на вакуфите.

Во Османлискиот период поголемиот дел од жителите на Солун, Скопје, Битола, Серез, Велес, Тетово, Гостивар и други градови и населени места биле Турци.
Со повлекувањето на Османлиите од Македонија, голем дел од Турците биле принудени да мигрираат во Анадолија. Како резултат на таа миграција денес Турците се малцинство во Гостивар, Тетово, Охрид, Струга, Битола, Кичево, Дебар (Центар Жупа), Скопје, Велес, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и други населени места.

Во табелата се дадени податоци за населението во Македонија и процентуалната застапеност на етничките заедници.

Македонци 1 297 981 64,18%
Албанци 509 083 25,17%
Турци 77 959 3,85%
Роми 53 879 2,66%
Срби 35 939 1,78%
Бошњаци 17 018 0,84%
Власи 9 695 0,48%
Други 20 993 1,04%
Вкупно 2 022 547 100%

По осамостојувањето на Република Македонија Турците се организирани во политичкиот, социо-економскиот, културниот и во образовниот живот.
Турците во Р. Македонија образованието на мајчин јазик го следат на сите нивоа, со тенденција за подобрување на квалитетот на образованието и зголемување на бројот на училиштата каде што наставата ќе се изведува на мајчиниот турски јазик.

Информирањето на турски јазик во Р.Македонија се одвива преку електронски медиуми, и тоа вториот програмски сервис на МРТВ, како и преку неделните печатени медиуми Заман и Јени Балкан. Турците во Р.Македонија се исто така активни во граѓанскиот сектор со над 50 граѓански здруженија.

21. Декември е прогласен за национален празник на Турците во Р. Македонија. Од 2002 година континуирано имаат претставници во судската, извршната и законодавната власт.

turci1.1
turci1.2