Агенцијата за остварување на правта на заедниците одржа работен состанок со дел од невладините организации на Власите во Македонија. На работниот состанок се зборуваше за проблемите кои ги имаат припадниците на влашката етничка заедница во Македонија.

 

Правичната застапеност на Власите и употребата на нивниот јазик се најгорливите проблеми кои беа посочени од страна на невладините организации. Потребата од вмрежување и зајакнување на капацитетите на невладините организации  беше истакната на состанокот.

 

Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ ги информираа присутните за понатамошните планови на Агенцијата за отсварување на правата на заедниците, како и интенцијата да се обновата Партиципативните форуми, на кој ќе се нотираат проблемите на сите етнички заедници кои се под 20%, а заклучоците и предлог решенија ќе бидат доставени до Владата на Р.Македонија.

 

Во следниот период Агнецијата за остварување на правата на заедниците ќе оствари средби со невладини организации и од другите етнички заедници.

30.08.2017