Амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ, ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците и оствари средба со директорите Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ

 

На средбата првенствено се дискутираше за состојбата на заедниците кои се под 20%, нивната правична застапеност во админстрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура. Директорот Илхан Рахман зборуваше за позицијата и улогата на АОПЗ, како и потребата од измени на законт со кој ќе се зголемат ингеренциите на АОПЗ. Џелал Хоџиќ ја информираше амбасадороката Бабиќ за идните планови на Агенцијата, како и активностите во месец ноември, кои се резултат на обновената соработката со ОБСЕ.

 

Амбасадорката Бабиќ ги информираше Рахман и Хоџиќ за договорите кои Македонија и Босна и Херцеговина наскоро треба да ги потпишат, како и плановите за подобрување на соработката во полето на образованието. Амбасадорката напомена и дека се прават сериозни напори да се воспостави авио линија Скопје-Сараево.

 

На состанокот се зборуваше и за потребата од редовна соработка помеѓу Амбасадата на БиХ и АОПЗ, а заменик-директорот Хоџиќ побара АОПЗ да биде дел од агендата кога во посета на Македонија доаѓаат преставници на институциите од Босна и Херцеговина.

                                                                                                                                                          Скопје

                                                                                                                                                      31.10.2017