Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимониер, ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците и оствари протоколарана средба со директорите Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ.

 

На средбата првенствено се дискутираше за состојбата на заедниците кои се под 20%, нивната правична застапеност во админстрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура. Директорот Илхан Рахман зборуваше за позицијата и улогата на АОПЗ, како и потребата од измени на законт со кој ќе се зголемат ингеренциите на АОПЗ. Џелал Хоџиќ го информираше амбасадорот Тимониер за идните планови на Агенцијата, како и очекувањата што поскоро да се обнови соработката со ОБСЕ.

 

На состанокот се зборуваше и за потребата да се зајакнат капацитетите на невладините организации кои работат на прашања од областите на остварување на правата на заедниците под 20%. На состанокот се договори редовна соработка и координација помеѓу Агенцијата и Амбасадата на Р.Франција.

 

13.09.2017