АОПЗ на ден 05.11.2020 год. го започна караванот со претставување на истражувањето кое беше спроведено во рамки на ЕУ проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„

 

Почитувајќи ги и согласно сите протоколи за COVID 19 наша прва дестинација ни беше градот Гостивар.

 

Делегацијата на АОПЗ ја предвдеше заменик директорот Г-дин Џелал Хоџиќ во придружба на вработени од Агенцијата како и локален претставник на проектот.

 

На почеток остваривме средба со градоначалникот на  Гостивар, Г-дин Арбен Таравари, каде Хоџиќ го информираше за досегашните активности на Агенцијата , постигнувањата што се направија во зминативе три години како и му го презентираше истражувањето во кое беа опфатени и граѓани од Гостивар, припадници на помалкубројните заедници.

 

Градоначалникот Таравари се заблагодари на средбата не информираше дека во Гостивар правата на помалкубројницте заедници се почитуваат на највисоко ниво. За последните три години финансиската помош кон граѓанските здруженија на помалкубројните заедници е сериозно зголемана, а во општинската администрација имаат вработено претставници од сите етнички заедници. Исто така во оваа општина има три службени јазици македонскиот, албанскиот и турскиот јазик ,а знамето на ромската заедницта секоја година се истакнува пред општинската зграда за 8-ми Април-  Денот на ромската  заедница.

 

Потоа следеа средби со претставници на здруженијата на граѓани од редот на помалкубројните заедници кои живеат во РСМ. На почеток се видовме со претставниците на здружението на турците  „Генч Калемлер„  од Долна Белица каде присуствуваа основачот Туркер Камбер и неколку членови на здужението.

Г-динот Камбер не информираше за активностите на нивното здружение кое е доста активно и има голем број на активности и настани во текот на целата година. Како и тоа дека ова е првото здружение на граѓани кое има основано фудбалски клуб кој минатата година се има натпреварувано во 2 МФЛ.

 

Г-динот Хоџиќ се заблагодари на одвоеното време за средба со претставници на АОПЗ ги информираше присутните за досегашните активности на Агенцијата , го претстави истражувањето “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“,  како и ги информираше присутните дека за прв пат минатата година АОПЗ преку ЕУ проектот финансиски подржа проекти на помалку бројните заедници.

 

Потоа имавме средба со претставници  на “Сабит Јусуф Култур ве санат Дернеѓи”  исто така здружение на граѓани од припадници на турската националнот. На средбата присуствуваше претседателот Илкер Јусуф и членови на здружението.

 

Г-динот Јусуф не информираше за активностите на нивното здружение кое пред се се бави со издавање на книги и публикации на турски јазик, како и дека во Гостивар има приватно радио кое е единствено што емитира 24 часа програма на турски јазик.

 

Г-динот Хоџиќ и на нив им се заблагодари на одвоеното време за средба со претставници на АОПЗ ги информираше за досегашните активности на Агенцијата , го претстави истражувањето “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, како и предизвиците кое не очекуваат во иднина а се поврзани со правата на помалкубројните заедници во РСМ.

 

Градоначалникот и двете здруженија беа поканети во секое време да ги посетат просториите на АОПЗ, со заложба дека АОПЗ и понатаму ќе биде вистински глас на заедницте кои се помалку од 20% во РСМ.