Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија (ЗХРМ), преку проектот “Имплементација на добри практики во унапредување на правата на Хрватската и другите малцински заедници во РСМ темелено на Хрватските искуства како земја членка на ЕУ”, финансиран од Владата на РСМ, во периодот од 18.10. – 20.10.2021 година оствари работна посета во Република Хрватска. Целта на истата беше размена на позитивни искуства и добри практики од областа на заштита и промоција на правата на заедниците. 

Делегацијата на АОПЗ беше составена од заменик директорот Џелал Хоџиќ и помладиот соработник Ненад Живковиќ, додека ЗХРМ беше претставувана од Жарко Камчев и Ивица Алебиќ.  Во рамките на посетата беа остварени средби со релевантни институции  од областа на човековите и малцинските права во Република Хрватска, Канцеларијата за човекови права и права на националните малцинства, хрватското Собрание- пратеничка која ги застапува македонското, албанското, црногорското, бошњачкото и словенското малцинство, Советот за национални малцинства и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска.

Посета беше успешна и важна за понатамошната работа на институцијата. Искуствата од посета на Република Хрватска ќе бидат од големо значење за нас бидејќи според сите истражувања и анализи Р.Хрватска има одличен модел за заштита  и промоција на целиот сет на права кои се обезбедуваат за помалку бројните заедници.

Состанок со Ермина Леркај Прњаскај пратеничка во хрватското Собрание

На 18.10.2021 год. (понеделник) Делегација на АОПЗ и ЗХРМ остварија средба со пратеничката во хрватското Собрание, г-ѓа Ермина Лекај Прњаскај, која ги застапува македонското, албанското, бошњачкото, црногорското и словенското малцинство. На средбата беше присутени и македонскиот амбасадор во Р. Хрватска, г-дин Милаим Фетаи.

На средбата пратеничката Лекај Прљаскај ги информираше присутните за високиот степен на права кој Р.Хрватска ги овозможува на своите малцинства посебно нагласувајќи ги правата на малцинствата кој таа ги застапува. Македонското малцинство има право на изучување на македонскиот јазик по модел Ц , право на национални совети на жупаниите и градовите и годишно финансирање на програмите и проектите кои се од значење за македонската заедница во Р. Хрватска. Беа и детално објаснети начинот и формата на финансирање и преку кои институции се овозможувафинансиска поддршка на програмите и проектите, а се од значење за македонската заедница во Р.Хрватска.

Во поздравниот говор македонскиот амбасадор Г-дин Фетаи се заблагодари на пратеничката за нејзиниот ангажман во делот на застапување на македонската и албаснката заедница и сите граѓани кои се по потекло од РСМ и нагаси дека Р.Хрватска има највиок степен на развиеност во делот на правата на малцинствата. Република Северна Македонија и Р. Хрватска немаат отворени прашања и соработката е одлична.

Заменик директорот Хоџиќ во своето излагање ја информираше пратеничката Лекај Прљаскај и амбасадорот Фетаи за работата и постигнувањата на АОПЗ во последните четири години со акцент на новиот закон на Агенцијата, Европскиот проект кој за прв пат се реализираше во соработка со конуслтанската куќа ГФА од Германија и фондот за финансирање на проекти и програми за помалкубројните заедници каде за прав пат од основањето на АОПЗ се доделени финансиски средства за оваа намена. На крајот на своето излагање Хоџиќ ја презентираше идејата да во првата половина на 2022 год. во Скопје се оддржи една регионална конференција каде ќе бидат пристни претставници на малцинските заедници од Балканските земји и регионот како би се разгледале сите модели и форми на претставничко застапување на помлакубројните заедници.

Состанок со амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска Г-дин Милаим Фетаи

На 19.10.2021 год. во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Загреб, делегациите на АОПЗ и ЗХРМ остварија средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Р. Хрватска Н.Е Милаим Фетаи

На средбата амбасадорот Фетаи им посака добредојде на присутните и ги информираше за активностите кои ги има или се во фаза на реализација. Посебен акцент стави на отворањето на македонски Културно-информативен центар во Загреб, кој ќе даде една нова димензија и нов правец во културно унапредување на соработката помеѓу двете пријателски земји РСМ и Р.Хрватска.

Заменик директорот Хоџиќ се заблагодари на амбасадорот Фетаи за одвоеното време и вооедно го информираше за активностите кои АОПЗ ги има реализирано во изминатиов период како и планот и програмата кои се во план да се реализираат, а се во интерес на припадниците на помалкубројните заедници во РСМ. На средбата беше потенцирана одличната соработка со хрватската заедница во РСМ која со својот капацитет е препознаена како партнер на АОПЗ.

Претставниците на Заедницата на Хрвати во РСМ го информираа амбасадорот Фетаи за своите активности кои како заедница ги спроведуваат во текот на годината, проектите кои се во фаза на реализација и нивните идни планови.

Состанок со Александар Толнауер Претседател на Советот на национални малцинства во Р.Хрватска

На 19.10.2021 год. (вторник) Делегација на АОПЗ и ЗХРМ остварија средба со Александар Толауер, Претседател на Советот за национални малцинства во Република Хрватска

Претедателот на советот Г-дин Толнауер ги информираше присутните за работата на Советот за национални малцинства , неговото основање како и структрата на самиот Совет за национални малцинства. Исто така објасни дека Советот за национални малцинства ги финансира годишните планови програми на сите здруженија на граѓани на 21 малцинство колку што се наведени во Уставот на Р.Хрватска и сподели со присутните под кои критериуми и какви процедури се доделуваат финансиски средтва за оваа намена.

Заменик директорот Г-дин Хоџиќ информираше за работата на АОПЗ, каде акцент стави на донесувањето на новиот закон на АОПЗ, Успешно спроведениот ЕУ проект и доделување на финансиски средства за програми и проекти на помалкубројните заедници.

Претставниците на Заедницата на Хрвати во РСМ го информираа г-дин Александар Толауер за своите активности и проекти кои ЗХРМ ги спроведува во текот на годината.

Состанок со Ален Тахири,  директор на канцеларијата на човечки права и права на националните малцинство во Владата на Р.Хрватска

На 19.10.2021 год. (вторник) Делегација на АОПЗ и ЗХРМ остварија средба со Ален Тахири, директор на Канцеларијата за човекови права и права на националните малцинства во Р.Хрватска.

Директорот Тахири ги поздрави присутните и ги информираше за работата на Канцеларијата за човекови права и права на националните малцинства, посебно задржувајќи се на делот за националните малцинства. Сподели информации за активностите кои оваа институција ги има во овој дел, а се предвидени согласно Уставот и Уставниот закон за припадниците на националните малцинства.

Замедник директорот Г-дин Хоџиќ го информираше за работата на АОПЗ во последните години каде акацент стави на донесувањето на новиот пофункционален закон на АОПЗ, успешно спроведениот ЕУ проект и за доделувањето на финансиски средства за програми и проекти на помалкубројните заедници.

Претставниците на Заедницата на Хрвати во РСМ го информираат за своите активности и проекти кои ЗХРМ ги спроведува во текот на годината.

На крајот беше констатирано дека АОПЗ и Канцеларијата за човекови права и права на националните малцинства, како сродни институции во двете земји, треба да ја унапредат својата соработка на разни заеднички проекти и за таа цел во скоро време директорот Тахири ќе ја посети АОПЗ како би се договориле формите на идната соработка.