Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во периодот од 13.08. – 15.08.2018 година оствари студиска посета во Северна Ирска – Велика Британија . Студиската посета беше поддржана од инструментот на Европска Комисија – ТАИЕКС, како дел од активностите за изготвување на предлог измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија. Целта на истата беше размена на позитивни искуства и добри практики од областа на заштита и промоција на правата на заедниците. Домаќин институција на оваа студиска посета беше Комисијата за еднаквост на Северна Ирска, со седиште во Белфаст.

 

 

Делегацијата на АОПЗ составена од директорот на Агенцијата Илхан Рахман, заменик директорот Џелал Хоџиќ и советникот Лејла Кардовиќ, во рамките на посетата освен со Комисијата  за еднаквост на Северна Ирска оствари средби и со останатите релевантни институции од областа на човековите и малцинските права во Северна Ирска: Комисија за човекови права на Северна Ирска, Совет за односи меѓу заедниците на Северна Ирска, Комесар за деца и млади на Северна Ирска, претставници на наставен кадар од интегрирано образование, Џорџ Мичел Инситут за глобален мир – Квинс Универзитет Белфаст и Интитут за транзициона правда – Алстер Универзитет Белфаст.

 

 

АОПЗ смета дека студиската посета беше успешна и важна за понатамошната работа на институцијата. Искуствата од студиската посета на Северна Ирска ќе бидат пренесени на работната група која работи на предлог измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија.