Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Ноември 2018 година го започна проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заеднциите“, кој е предвиден да трае до јуни 2020 година со подршка од ЕУ Делегацијата во Република Македонија.

 

Главната цел на проектот е подобрување на ефикасноста, конкурентноста и одговорноста на клучните институции одговорни за заштита на правата на заедниците и промовирање на еднакви можности за сите граѓани.

 

Проектот е поделен во три главни активности:

  1. Зајакнување на капацитетите на АОПЗ
  2. Зајакнување на соработката на АОПЗ и други релевантни засегнати страни.
  3. Подобрување на видливоста на АОПЗ преку спроведување на комуникациска и ПР стратегија.

 

Главни експерти кои ќе соработуваат со Агенцијата се професор доктор Алесандро Симони од Универзитетот „Дегли Студи“ од Фиренца и Главен советник за човекови права господинот Филипо Ромоли.