Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска го посети ОУ “Пенко”, кое се наоѓа во Општина Бутел каде што беа поделени 250 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, како и ОУ “Рајко Жинзифов” во с.Оризари Општина Велес, каде што беа поделени 70 ученички сета надополнети со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19.
Оваа активност е  дел од караванот во рамките на кој во текот на месец ноември претставниците на АОПЗ ќе посетат повеќе од 60 основни училишта, во сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 пакети. Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка.
Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.
Караванот продложува и наредните денови. Сите вработени во АОПЗ даваат максимален напор во овие услови на пандемијата со COVID 19 да стигнат до сите предведени училишта со цел да ги поделат училишните сетови за да се заштитат најмалите и да се чуствуваат побезбедни во своите училишта.