Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје  одржа Партиципативен форум, на тема “Подобрување на квалитетот на образованието на јазиците на заедниците“, а во кој учествуваа претставници на институциите и претставници на невладиниот сектор на заедниците под  20%.

 

На почетокот на форумот поздравен говор имаше директорот на АОПЗ, Илхан Рахман, кој ги поздрави сите учесници и се заблагодари на поддршката од ОБСЕ. Рахман говореше за значењето на повторно организирањето на Партиципативноит форум како тело преку кое заедниците ќе заземаат поголемо учество во процесите на креирање на политики и одлучување, како и размена на позитивни искуства и практики во областа на остварувањето и унапредувањето на правата на заедниците.

 

Заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, искажа дека во минатото немало политичка воља да се решат проблемите во образованието на мајчин јазик на помалуборјните заедници. Тој кажа дека редовната настава на турски и српски јазик имаат сериозни предизвици и проблеми. Хоџиќ потенцираше дека очекува од следната година и учениците од бошњачката заедница да почнат со редовната настава на босански јазик. Според него целокупното образование се соочува со предизвици, но како АОПЗ гледаат нов и конструктивен однос на министерката за образование, со што повеќе проблемите не се ставаат под килим, туку за нив се бара одржливо системско решение.

 

Форумот имаше конструктивна атмосфера, каде учесниците од НВО секторот и претставниците на институциите зборуваа за состојбите, проблемите и можните решенија.

 

Заклучоците од Партиципативниот форум “Подобрување на квалитетот на образованието на јазиците на заедниците“  ќе бидат испратени  до Владата на Р.Македонија.

 

17.11.2017
Скопје