Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје денеска одржа Партиципативен форум, во кој учествуваа претставници на институциите и претставници на невладиниот сектор на заедниците под  20%. Партиципативниот форум има посебно значење, затоа што се возобновува после 2015 година, а се со цел подобрување на состојбата на заедниците во општеството.

 

Темата на партиципативниот форум беше “Управување и ефективноста на Партиципативниот форум и креирање на рамка за идните активности“. Тема беше разгледување и дискусија за новата методологија со која ќе бидат организирани натамошните форуми.

 

На почетокот на форумот поздравен говор имаше директорот на АОПЗ, Илхан Рахман, кој ги поздрави сите учесници и се заблагодари на поддршката од ОБСЕ. Рахман говореше за значењето на повторно организирањето на Партиципативноит форум како тело преку кое заедниците ќе заземаат поголемо учество во процесите на креирање на политики и одлучување, како и размена на позитивни искуства и практики во областа на остварувањето и унапредувањето на правата на заедниците.

 

Учесниците ги поздрави и Нинослав Василевиќ, раководител на Одделението за демократско владеење и општествена кохезија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, ја презентира новата методологија на Партиципативниот форум како и очекувањата од натамошните форуми. Хоџиќ, исто така ја престави визијата и идните активности на АОПЗ.

 

Форумот имаше конструктивна атмосфера, каде учесниците од НВО секторот и претставниците на институциите зборуваа за состојбите, проблемите и можните решенија.

 

Заклучоците од Партиципативниот форум ќе бидат испратени до Владата на Р.Македонија.

 

16.11.2017