Директорот на АОПЗ, г-дин Еран Куртиш, како и зам-директорот Џелал Хоџиќ, учествуваа на дводневна конференција за малцински права, во Сараево, Босна и Херцеговина. 


Регионалната конференција за малцински права е во организација на Министерството за малцински права и бегалци, а со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина и е прва конференција од ваков тип. Покрај АОПЗ од Северна Македонија имаше претставници и на државите Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 


Директорот Куртиш во своето излагање ја презентираше работата на АОПЗ, како и позитивните примери од нашата држава. Република Северна Македонија е пример за правата на помалкубројните заедници. 


“Република Северна Македонија и во идниот период ќе биде позитивен пример за соживот, и ќе продолжи со вниманието за интеграцијата на помалкубројните заедници. Покрај сите предизвици, мораме со повеќе оптимизам да тргнеме да ги решаваме предизвиците од оваа област сите заедно и да се поврзуваме, да споделуваме искуства и добри пракси” – меѓудругото кажа Еран Куртиш. 


Дводневната конференција завршува денес во Сараево.