Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска го започна караванот, во кој ќе посети повеќе од 60 основни училишта во месец ноември, од сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, надополнетии со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19. Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка.

 

Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.

 

Караванот започна денеска од Основното Училиште “Тефејуз” во Општина Чаир, каде наставата се одвива на турски наставен јазик. Бевме срдечно пречекани од страна на директорот на училиштето Г-дин Салајдин Зекир.

 

Заменик-директорот Џелал Хоџиќ, заедно со господинот Фрејк Јанмат- преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и Илхан Рахман Заменик-министер во Министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците, со големо задоволство денес поделија 400 училишните сетови на учениците од прво до трето одделение.

 

Господинот Фрејк Јанмат истакна дека е многу среќен што Европска унија се вклучува и може да помогне преку проектот на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија а исто така да допринесе во справувањето со моменталната пандемија со Covid 19.

 

Господинот Џелал Хоџиќ ја нагласи важноста од успешното спороведување на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој допринесе за зајакнување на капацитетите на АОПЗ како и важноста да им се помогне на учениците кои учат на јазиците на помалубројните заедници. Исто така искажа голема благодарност до Европската унија и ГФА кои го поддржаа проектот.

 

Господинот Илхан Рахман ја поздрави ангажираноста на Агенцијата која се вклучува во борбата против панедемијата и која дава подршката на учениците на помалубројните заедници што е од исклучителна важност.

 

Господинот Салајдин Зекир како директор на ОУ „Тефјуз“ се заблагодари до Агенцијата за остварување на правата на заедниците и на Европската Унија за посетата на училиштето и за донацијата, која ја оцени како значајна за учениците во процесот на одвивањето на наставата во услови на пандемијата COVID 19.

 

Скопје

11.11.2020 год.