Агенција за остваривање на правата на заедниците (АОПЗ) утрово организираше доручeк (дружење) со новинарите на кој беа презентирани активностите и постигнатите резултати на агенцијата. Неформалното дружење со новинарите беше искористено и да се представат придобивките од проектот кој го спроведува АОПЗ насловен како “Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците” финансиран од страна на Европската Унија.

 

Денешниот настан беше одлична прилика да зборуваме:
– За позицијана АОПЗ и новиот Закон кој е усвоен од страна на Владата и доставен во Собранието;
– За активностите поврзани со проектот на ЕУ и поддршката во подобрувањето на капацитетите на АОПЗ;
– За соработката со ОБСЕ и Партиципативниот форум;
– За соработката и поддршката на невладините организации..

 

29.10.2019