Агенцијата за остварување на праватан на заедниците (АОПЗ) преку проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција на правата на заедниците“ кој е финансиран од Европската Унија организира работилница со невладини организации кои работат во областите за остварувањето, заштита и промоција на правата на помалубројните заедници. Цел на работилницата е да се зајакне заедничкото дејствување на организациите, споделување на заедничките искуства, мапирање на главните заеднички проблеми и предизвици.  На сесијата се очекува да се создадат и предлог проекти за заедничкото делување на невладините организации од различни заедници во наредниот период. Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе продолжи со поддршката на невладините организации кои ги промовираат правата на заедниците, организации кои АОПЗ ги смета за свои партнери во работата.

02.12.2019