Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска го посети ОУ “Браќа Рибар”, во Општина Куманово  каде што беа поделени 80 ученички сета за учениците од прво до петто одделение, како и ОУ “Светозар Марковиќ” од Општина Старо Нагоричане во кое беа што беа поделени 110 ученички сета надополнети со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19.
Оваа активност е  дел од караванот во рамките на кој во текот на месец ноември претставниците на АОПЗ ќе посетат повеќе од 60 основни училишта, во сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија. Во овој караван ќе се поделат над 7.000 пакети. Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка.
Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.