Британскиот заменик амбасадор, Пол Едвардс, денеска ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и оствари средба со Џелал Хоџиќ, в.д заменик-директор.

 

Хоџиќ го запозна амбасадорот Едвардс со работата на АОПЗ, како и проблемите и предизвиците со кои се соочува владината агенција. На средбата се дискутираше и за состојбата на заедниците кои се под 20%, нивната правична застапеност во админстрацијата. Исто така амбасадорот беше информиран за идните планови на АОПЗ, за обновената соработка со ОБСЕ и заедничките активности во периодот кој следува. Како голем проблем на заедниците под 20%, Хоџиќ го потенцираше остварувањето на правото и квалитетот на образование на мајчин јазик.

 

Амбасадорот Едвардс ја искористи приликата и на средбата ја престави Чивнинг програмата за магистерски студии за 2018/2019 во Обединетото Кралство.

 

Домаќините изразија големо задоволство од посетата на амбасадорот и начелно се договорија за следна средба во периодот кој следува.

 

 

Скопје

13.10.2017