Здружението на граѓани Гајрет на 25.01.2020 година во Кичево и 01.02.2020 година  во Штип го реализира проектот ,,Жената во сенка’’ чија цел беше  подигање на свеста кај жените за нивните права.

 

На предавањето учествуваа професори, психолози, правници и педагози кои дадоа насоки како жените да се справат со проблемите од областа на  социјална заштита, стекнување на образование за напредок на женската популација, напредок од економски аспект како и заштита при појава на семејно насилство. На предавањето беше обезбеден печатен материјал за учесничките, кој покрај другото содржеше и контакти од социјалните служби за пријавување на семејно насилство. Жените учеснички на овој проект беа припаднички на турската етничка зедница и покажаа голем интерес за продолжување на ваков вид на проекти кои им овозможуваат запознавање со нивните права за кои дел од учесничките немаа предходно познавање.

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот  циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.