Во Агенцијата за остварување на правата на заедниците се оствари средба со Делегацијата на Венецијанската Комисија. Делегацијата која во рамките на својата посета на Република Северна Македонија  оствари средби со сите релевантни институции со цел давање мислење по Законот за употреба на јазиците.

 

На средбата која што беше остварена во просториите на Агенцијата, се дискутираше за текстот на Законот за употреба на јазици, додека  Директорот на Агенцијата Илхан Рахман говореше и за состојбата со остварувањето на правото на употреба на јазиците на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, како и можноста  за зголемување на опсегот на употребата на јазиците на заедниците на локално ниво.

06.09.2019