Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8. Фебруари 2007 година во Собранието на Р.Македонија, 28. Септември ( Денот кога претставниците на Бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак) е прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците како празник за припадниците на бошњачката заедница во Р.М. Овој ден е неработен ден за Бошњаците во Р.М. По повод овој празник во Клубот на пратеници беше организиран прием на кој присуствуваа претседателот на Влада на Р. Македонија г-дин Никола Груевски, министер без ресор г-дин Хади Незир, пратеник во Собрание на Р. М. и претседател на Странка за демократска акција г-дин Авдија Пепиќ, директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски како и други представници на Владата на Р. М. и дипломатскиот кор.