Со измените на Законот за празници на Република Македонија, на седницата одржана на 8. Фебруари 2007 година на предлог амандман на Турската демократска партија, 21. Декември е прогласен за Ден на настава на турски јазик како празник за припадниците на турската заедница во Р.Македонија.

Со овој закон Турците во Р. Македонија за прв пат слават свој национален празник. Овој празник во 2010 година се обележи со централна манифестација во салата “Борис Трајковски” во Скопје, на која присуствуваа претседателот на Влада на Р.Македонија г-дин Никола Груевски, министерот за образование г-дин Никола Тодоров, министер без ресор г-дин Хади Незир, пратеник во Собранието на Р.М. и претседател на Турската демократска партија г-дин Кенан Хасип, заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-дин Кадир Салих и останати представници од Владата на Р.М. На оваа манифестација посебен белег остави учеството на делегацијата од Република Турција на чело со вицепремиерот г-дин Фарук Челик. 24.12.2010

turci
turci 2