Правата и слободите на човекот и граѓанинот се основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се најјасниот показател за карактерот на власта. Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта (властодршците) за злоупотреби и арбитрарност кон правата и слободите на човекот.

Од особено значење во оваа тематска целина има Универзалната Декларација за Човековите Права(англиски: Universal Declaration of Human Rights), која ја усвоила Генералното Собраниена Обединетите Нациина своето заседание во Париз на 10 декември 1948 година. Тргнувајќи од начелото дека „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и во правата.

Република Македонија, од 1997 година ја прифати јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.