Денеска директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Илхан Рахман и заменик директорот Џелал Хоџиќ остварија работни средби со министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

 

На средбата со министерот Ќахил, директорите на АОПЗ го информираа министерот за состојбите на Агенцијата како и за планираните активности во наредниот период. На средбата беше договорена соработка и градење на поефикасна соработа меѓу двата органи.

 

На средбата со министерот Адеми, директорите на АОПЗ разговараа за надлежностите на Агенцијата во областите на НВО секторот како и потребита од воспоставување на нов пристап кон дијаспората.

15.09.2017