Директорот и заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Илхан Рахман и Џелал Хоџиќ на 19 септември 2018 година ја посетија Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, при што остварија средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија Лепа Бабиќ.

 

Во разговорите беа разменети информации за активностите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје во изминатата година, особено од областите во кои е надлежна Агенцијата.  Посебно беа истакнати активностите за унапредување на образованието на припадниците на бошњачката, српската и другите заедници во Република Македонија како и активностите на Амбасадата во областа на културата.

 

Во текот на средбата се разговараше за тековните и планираните активности, како и подготвеноста да се продолжи со успешната соработка.

Од двете страни беше изразено задоволството од  досегашната меѓусебна соработка.

 

19.09.2018