Денеска Високиот Комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абрахаманов ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Ова беше втора официјална посета на Високиот Комесар во АОПЗ. Во рамките на посетата беше одржан состанок со Директорот на АОПЗ Еран Куртиш.
На состанокот Високиот Комесар Г-динот Абрахаманов уште еднаш ја искажа подршката која ја има АОПЗ од страна на ОБСЕ во изминатите години а исто така ја нагласи потребата и важноста на улогата на АОПЗ во процесот на остварувањата на правата на припадниците на заедницит во Северна Македонија.
Во добра и пријателска атмосфера на состанокот се разговараше и за идните проекти и соработки на ОБСЕ со АОПЗ, како и за евентуална посета на делегација од АОПЗ во седиштето на ОБСЕ за Национални малцинства во Хаг, Холандија.
Во рамките на оваа посета Високиот Комесар разговараше и со вработените и одблиску се запозна со работата на АОПЗ.