Агенцијата за остварување на правата на заедниците на 04.06.2018 година  започна со реализација на активностите поддржани од ТАИЕКС инструментот на ЕУ. Во периодот од 04.06 – 08.06.2018 година беше реализирана Експертска мисија со цел  измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија.

Експертот Џарлат Керни од Велика Британија во рамките на својата петдневна посета оствари средби со релевантните институции во државата и нивните претставници: АОПЗ како домаќин, Комитет за односи меѓу заедниците, Министер без ресор г-дин Аднан Кахил,  г-дин Енес Ибраим – пратеник во Собранието на РМ, Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, Министерство за Правда, Министерство за труд и социјална политика, Народен Правобранител, Управа за афирмирање и унапредување на културата припадниците  на заедниците, Управа  за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Комисија за заштита од дискриминација,  Агенција  за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, ЗЕЛС, Специјален советник на Премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурна комуникација  г-дин Рубин Земон. Експертот исто така се сретна и со претставници на граѓанскиот сектор од заедниците, претставници на меѓународните организации во РМ (Делегација на Европска Унија, ОБСЕ Мисија во Скопје и  УСАИД) и национални експерти.

Од Експертската мисија ќе произлезат препораки за предлог измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија.