Во организација на Центарот за регионални истражувања и соработка ,,СТУДИОРУМ” во ЕУ инфо центарот на 22.06.2011 беше одржана панел дискусија на тема ЕФЕКТИВНО УЧЕСТВО НА ПОМАЛИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА РМ – ВЛИЈАНИЕ НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР. На дискусијата која се одвиваше во два панели учестуваа претставници на државните институции и граѓанските организации. На панел дискусијата беше претставено и истражувањето на др. Ајслинг Лион од универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, на тема ,,Заштита на малцинствата во општините во Р.Македонија – зачувување на мултиетничка држава”.

Директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците истакна дека во иднина е планирана поголема промоција на позитивни примери за соживот на заедниците на локално ниво.

EIC
EIC2