Претставник од Агенцијата за остварување на правата на заедниците присуствуваше завршната конференција на проектот ,,Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните (МЕК)” на тема ,,Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците?”, организирана од страна на Фондацијата Метаморфозис.На конференцијата беше предвидено да учествуваат претставници на делегацијата на ЕУ и Владата на Р.Македонија, градоначалници, претставници од општинската администрација и од комисиите од 4 пилот-општини(Гостивар, Дебар, Тетово и Чаир) опфатени со МЕК, од другите мултиетнички општини кои се обврзани да имаат Комисија за однос меѓу заедниците, како и носители на одлуки од централна власт и локалната власт, ЗЕЛС, дипломатскиот кор, развојни агенции, организации од граѓанското општество, експерти од областа на децентрализација и човекови права од земјата и странство, како и медиумите. Овој настан имаше за цел споделување на знаењето стекнато во тек на спроведувањето на проектот МЕК и сознанијата на сите заинтересирани страни кои работат на развојот на законската рамка во врска со работата на комисиите.