На конференцијата присуствуваа и земаа учество Претседателот на Владата на РСМ Оливер Спасовски, министерот за дијаспора Едмонд Адеми ,заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски , заменик директорот на АОПЗ Џелал Хоџиќ ,проректорот  на „Универзитетот Св.Климент Охридски„  проф. др. Марјан Ѓуровски , Деканот на факултетот за безбедност проф.др. Никола Дујовски , М-р Михајло Свидерски , Амбасадорката на Р.Хрватска во РСМ н.е Нивес Тигањ , Претседателската на Заедницата на Хрвати во РСМ Невенка Костовска, Членот на Совеотот на Владата на Република Хрватска за Хрвати вон Република Хрватска – претставник за Северна Македонија Ненад Живковиќ , како и високите претставници на Средишната Државна Канцеларија во Република Хрватска за Хрвати вон Република Хрватска  заменик државниот секретар Дарио Магдиќ и советникот со посебна положба за прашања на хрватското малциснтво во земите каде хрватите се национално малцинство dr.sc. Милан Бошњак како и претставници на Претстадателството и членови на Заедницата на Хрвати во РСМ.

 

На конференцијата во полната сала на Хотел Панорамика се дискутираше за правата на македонското малцинство во Р.Хрватска и хрватското во РСМ каде на крајот се ивадија заклучоци и се направија препораки за унапредување на правата на македонското и хрватското малцинство во двете држави.

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.