Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) се одржа работен состанок со Џонатан Стонеман, експерт задолжен од ОБСЕ да направи извештај за состојбите во јавниот сервис. Темата на состанокот беа МРТВ и новинарските редакции на јазиците на заедниците.

 

Состанокот го отвори Татијана Темелкоска, од ОБСЕ, со преставувањето на Џонатан Стонеман, неговата мисија во Скопје, како и неговата агенда во наредните неколку дена. Директорот Илхан Рахман ја престави АОПЗ, како и препораките за јавниот сервис кои произлегуваат од досегашните извештаи на АОПЗ, а се од областа на медиумите. Рахман посебно го потценираше проблемот со политичкото влијание врз редакциите на заедниците во МРТВ. Антун Беламариќ, советник на министерот Самка Ибраимовски, зборуваше за потребата од повеќе квалитетна и образовна програма која треба да ја продуцираат редакциите на заедниците, а посебно акцент стави на потребата да се обезбедат услови за работа и редакциите да бидат функционалани. Заменик-директорот Хоџиќ проблемите на редакциите ги подели во три точки: Прво, редакциите на заедниците да бидат функционлани, од услови за работа и подобри технички услови, па се до стручен и компетентен кадар. Второ, редакциите да ја сфатат улогата дека се дел од јавен сервис, кој треба да има повеќе образовна и едукативна програма, да ја промовира културата и јазикот на заедницата, да продуцира квалитетна програма и за маргинализираните заедници, а информативната програма да биде непристрасна, како и уредувачката политика да биде независна. Како трет проблем беше нотирана потребата за повеќе време и подобри термини за програмата на редакциите на заедниците.

 

На состанокот се отворија и други прашања, посебно финансирањето на јавниот сервис, како и одржливи решенија кои ќе гарантираат независност во уредувачката политика. Конструктивниот состанок резултираше со договарање на следни активности на оваа тема помеѓу АОПЗ и ОБСЕ.