Претставник од Агенцијата за остварување на правата на заедниците учествуваше на консултативен состанок за изработка на “Заедничка програма за правата на малцинствата во Западен Балкан” , организиран од Европската Унија/Совет на Европа се одржа во Бечиќи / Црна Гора. Заедничката програма ќе ги вклучи и сите корисници на ИПА фондовите: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, како и Косово. Исто така и Турција беа поканети за учество.

Овој претпроектен консултативен состанок со претставниците на земјите корисници кои се занимаваат со унапредување и заштита на малцинските права на Западен Балкан, беше предвиден како неформална размена на приоритети и интереси помеѓу заинтересираните страни кои ќе се вклучат во натамошниот проект. Целта е да се утврдат потребите и прашањата за кои се пројавува загриженост кај оние органи кои се занимаваат со заштита и унпредување на човековите права, посебно на полето на правата на припадниците на заедниците и како тие би можеле да се решат со регионалниот проект. Во фокусот на неформалниот консултативен состанок беше почитувањето на малцинските права во пракса во склад со европските стандарди, вклучувајќи и андтидискриминациони норми и стандарди. Долгорочната цел на идниот проект е подигање на свеста за важноста на малцинските права, како предуслов за интеграција на регионот во ЕУ.